mkalheader

 ПРОГРАМА НА ЕВРОПСКА УНИЈА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА

Министерството за локална самоуправа во соработка со Министерството за Европа и надворешни работи, во рамки на активностите за спроведување на ИПА II програмата за прекугранична соработка 2014-2020, Министерство за локална самоуправа објавува:

Ј А В Е Н   О Г Л А С

За пријавување на кандидат за слободната работна позиција:

-          1 (еден) Службеник за комуникација и видливост во рамки на ИПА II програмата за прекугранична соработка 2014-2020.

Oпис на работната позиција можете да најдете на следниот документ:

-          Опис на работната позиција - Службеник за комуникација и видливост

Краен рок за аплицирање:

-          10 работни дена од денот на објавувањето на огласот.

Само оние апликации кои ќе пристигнат до крајниот датум и време на овој оглас, ќе бидат земени во предвид за разгледување.

Потребни документи за аплицирање:

-          Мотивациско писмо на англиски јазик;

-          Биографија (CV), на англиски јазик во ЕУ формат;

-          Доказ за завршен соодветен вид на високо образование

-          Копии од документите кои го потврдуваат стекнатото работно искуство наведено во личната биографија; 

Документите треба да се поднесат по пошта на следнава адреса:

Министерство за локална самоуправа

ул. Свети Кирил и Методиј, бр.54,

1000 Скопје, Република Македонија

За: Нита Крлиу Хајрулаи; со назнака во надворешниот дел од ковертот за кое место се однесува апликацијата.

Дополнителни информации можете да добиете на телефонскиот број: +389 2 3253-921