„ЕУ со ТЕБЕ“ во Охрид

 

На 27 јануари 2021 г., Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија, ќе го посети Охрид за да разговара за тековните напори за зачувување на статусот на УНЕСКО „Природно и културно наследство на охридскиот регион“ што беше утврден во 1979-1980 г. Тој ќе оствари средби со Константин Георгиески, градоначалник на Охрид, како и со претставници од Министерството за култура и од граѓанските здруженија за да разговара за загрозениот УНЕСКО статус и за конкретните чекори што треба да се преземат за зачувување на природното и културното наследство на охридскиот регион. Амбасадорот Гир, заедно со Горан Милевски, Министер за локална самоуправа и Сашо Точков, Претседател на општинската организација на Црвен крст во Охрид, ќе ја претстави опремата за зимско спасување што беше обезбедена во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија што се финансира од ЕУ.

 

Посетата „ЕУ со ТЕБЕ“ ќе се организира во Охрид за да се нагласи важноста на заштитата на статусот на Исклучителна универзална вредност што му беше доделен на регионот од страна на УНЕСКО за неговите природни вредности и за разновидноста на културното, материјалното и духовното наследство. „ЕУ со ТЕБЕ“ вклучува теренска посета на Охрид и стариот дел од градот и средба со градоначалникот на Охрид за да се разговара за предизвиците со коишто се соочуваат засегнатите општини (Охрид, Струга и Дебрца), како и за потребата од зајакнато вклучување на заедницата, целосна посветеност на земјата и координиран пристап како на централно, така и на локално ниво. По одржувањето на состанокот, амбасадорот Гир и градоначалникот Георгиески ќе дадат изјави за медиумите.  

 

Ги покануваме медиумите да го покријат давањето на изјавите во 13:00 ч. во општинската зграда.

 

Подоцна, амбасадорот Гир, Горан Милевски, Министер за локална самоуправа и Сашо Точков, Претседател на општинската организација на Црвен крст во Охрид ќе ја претстават зимската опрема за Планинската спасувачка служба на Охрид. Ваквата зајакната спасувачка мрежа ќе даде дополнителен придонес за промовирањето на помалку познатите региони на Дебрца (МК) и Грамш (АЛ) како безбедни туристички дестинации и ќе ја подобри нивната конкурентност на регионалниот туристички пазар. Трите градоначалници (на Охрид, Дебрца и Грамш), исто така, ќе дадат свои изјави.

 

Ги покануваме медиумите да го покријат настанот во 13:30 ч. на охридскиот кеј (наспроти хотелот „Нова Ривиера“).

 

Во попладневниот дел, амбасадорот ќе оствари средба со претставниците на здруженијата што се активни во областа на заштита на животната средина, зачувување

и управување со охридско-преспанскиот УНЕСКО регион.

 

За повеќе информации во врска со соопштението за печат контактирајте ја Елеонора Попоска, Офицер за печат и информации на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или 3248 500.

Shkup, 26 janar 2021