03.07.2019 1 На средбата постојаната претставничка на УНДП го информираше министерот Милевски за актуелните проекти кои што се имплементираат од страна на УНДП во соработка со Министерството за локална самоуправа. Станува збор за три проекти насочени кон подобрување на системот на локалната самоуправа и на функционалноста на општините. Посебен акцент во сите проекти е ставен на инклузивното планирање на развојот на општините со директна вклученост на граѓаните, како и на зајакнување на капацитетите на општините за транспарентно работење и за подинамичен и оддржлив развој, преку подготовка на локални развојни стратегии и реализирање на развојни проекти.

Министерот за локална самоуправа Милевски изрази убедување дека соработката ќе продолжи и во иднина, особено во реализација на приоритетите за продлабочување на процесот на децентрализација со трансфер на нови надлежности и финансиски средства. Исто така министерот Милевски побара поефикасна имплементација на веќе започнатите проекти, во што ќе помогне и Министерството за локална самоуправа со поголема ангажираност и динамизирање на временската рамка.