Полска го поддржува политичкиот процес во Република Северна Македонија и безрезервно ја поддржува интеграцијата на нашата земја во европското семејство

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу се сретна со амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Војциех Тицињски.

Амбасадорот Тицињски истакна дека Полска го поддржува политичкиот процес на Северна Република Македонија и интеграцијата на нашата земја во европското семејство. Полска, истакна амбасадорот Тицињски, во врска со прашањето за членството во ЕУ, го поддржува проширувањето на големото европско семејство со земјите од Западен Балкан. Во однос на претстојниот самит, кој во рамките на Берлинскиот процес  годинава ќе се одржи во Полска, амбасадорот Војциех Тицињски изрази надеж дека земјите од Западен Балкан ќе бидат дел од ЕУ и заеднички ќе промовираат стабилност, економски просперитет и меѓусебна соработка. Соработка би била од голема корист и за локалните власти на двете земји за размена на искуства и добри практики, истакна меѓу другото амбасадорот Тицињски.

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, на средбата со полскиот амбасадор Тицињски,  изрази задоволство од пријателски однос на Полска кон нашата земја и подготвеноста за продлабочување на соработката меѓу двете земји со посебен акцент на соработката помеѓу општините. Како и секогаш, има многу нешта да се  учат од развојните искуствата на двете земји,  аспирациите  за развој и продлабочување на локалната демократија и унапредување на процесот на децентрализација.  Како многу важен сегмент е меѓусебното запознавање на културните вредности и туристичките капацитети  кои ги нудат двете земји, истакна министерот Фазлиу.

 На ова средба, амбасадорот Тицињски  на министерот Фазлиу лично му му ја предаде поканата за учество на Форумот на градовите  и регионите  кој ќе се одржи во градот  Rzeszow,  од 4-6 јули во Полска.