Денеска со почеток во 14.00 часот министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу ќе присуствува на отпочнувањето на градежните работи на новиот граничен премин помеѓу Република Македонија и Република Косово, Белановце- Станчиќ.

Проектот за отварање на нов граничен премин и изградба на заедничка зграда за граничните служби на двете земји е приоритет во рамки на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово управувана од страна на Министерството за локална самоуправа од македонска, и Министерството за локална администрација од косовска страна.

Вкупната сума на проектот изнесува 1.2 милиони евра обезбедени од страна на Европската унија, додека Министерството за локална самоуправа на Република Македонија ги обезбедува средствата потребни за ко-финансирање на проектот.