Нов јавен повик за проекти за прекугранична соработка

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу утре, 09.02.2018 година (петок) ќе одржи прес конференција на која ќе ги соопшти деталите за вториот јавен повик за проектни предлози од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македпонија и Република Бугарија. Програмата е финансирана од Инструментот за претпристапна помош II на Европската унија.

Вкупниот износ на расположливите средства во рамките на овој јавен повик е  6 917 631 евра, за двете страни.

Прес конференцијата ќе се одржи во Министерството за локална самоуправа во 13.00 часот.

Се покануваат претставниците на медиумите да го проследат настанот.