Печати

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска оствари средба со амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Кристиан Тимоние. На средбата амбасадорот на Франција го информираше министерот Милевски за досегашната соработка како и за продолжување на истата. На средбата беше дискутирано за интензивирање на активностите се со цел што поскоро да се започнат нови проекти и да се подобри економската соработка со Франција.