Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска во Владата на Република Северна Македонија имаше средба со дипломираните студентите на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Средбата се одржа по барање на гореспоменатиот факултет со единствена цел за успешно поврзување на теоријата и практиката во врска со организацијата и функционирањето на локалната самоуправа, која за студентите е интересна како важна уставна и нормативна категорија и интерален дел на политичкиот систем на РСМ.

Министерот Фазлиу ги поздрави присутните студентите, потикнувајќи ги нив на патот кон успехот да бидат што повеќе одговорни и свесни за извршување на работите и на професијата која ќе ја обавуваат во иднина. Тој ги запозна студентите со улогата која ја има Министерството за локална самоуправа, органите во состав, ингеренциите и конкретните активности кои ги извршува Министерството, како и конкретните задачи за развој на општините и регионите во земјата. Тој изрази почит за искажаниот интерес од страна на студентитите за нивно запознавање и довивање на директни информации и од прва рака.

За целта на состанокот, зборуваше универзитетскиот професор на УЈИЕ, доц. др. Блертон Синани, кој ја нагласи важноста на практичната работа во соодветните институции и теоретските знаења на студентите во факултетските амфитеатри.

На средбата, додипломските студенти на Правниот факултет при УЈИЕ поставија повеќе прашања на кои одовараше министерот Фазлиу а кои воглавно се однесуваа на внатрешната организација на Министерството, децентрализацијата, фискалната децентрализација и финансирањето на општините за што министерот Фазлиу детално зборуваше на се она што студентите покажаа интерес.

Министерот Фазлиу ги запозна студентите и со активностите кои се спроведуваат за рамномерен регионален развој, за проектите финансирани од страна на Министерството, проектите кои се финансирани од Европската Унија во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка и подготовката на идната Стратегија за регионален развој , за која како што истакна Фазлиу, потребно е вклучување на повеќе субјектите и експерти од оваа област. На крај, министерот Фазлиу ја нагласи можноста групи на заинтересирани студенти од Правниот факултет да дојдат во Министерството за локална амоуправа и директно од вработените да се запознаат со практичната работа и секојдневните активности.