Почитувани,

 
Ве покануваме да ја проследите он-лајн прес конференцијата на 1-декември (вторник) 2020, од 11:00 часот, на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, на која ќе биде објавен официјалниот почеток на 3-от повик за предлог-проекти за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија

На 01-ви декември 2020 година, Дејвид Гир, амбасадор на Европската унија во Северна Македонија и Луиџи Сорека, амбасадор на Европската унија во Албанија, официјално ќе го започнат 3-от Повик за предлог-проекти за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија. Горан Милевски, министер за локална самоуправа на Северна Македонија и Зеф Мази, главен преговарач / Национален координатор за ИПА на Република Албанија, ќе ги презентираат можностите за финансирање што се достапни во рамките на овој повик до општините од прекуграничната област.

Прекуграничната соработка е клучен елемент на политиката на ЕУ кон нејзините соседи. Дизајнирана според принципите на моделот на територијална соработка на ЕУ, CBC ја промовира соработката помеѓу земјите на ЕУ и соседните земји кои делат копнена граница или премин преку море. Северна Македонија има воспоставена прекугранична соработка со сите 5 нејзини соседни земји. Досега, 14 проекти во вредност од близу 6 милиони евра беа доделени во текот на ИПА- периодот на програмирање 2014-2020 година (ИПА 2) во рамките на програмата CBC само со Албанија.

Полошкиот, пелагонискиот и југо-западниот регион од македонската страна и Корча, Дибер и Елбасан на албанската страна имаат право да аплицираат во рамките на овој 3 (трет) повик за предлог-проекти. Околу 5 милиони евра се ставени на располагање за проекти со CBC елементи од најмногу 800.000 евра за секој од нив. Тие ќе го поттикнат туризмот притоа промовирајќи го природното наследство, ќе ги поддржуваат локалните бизниси и конкурентноста и ќе помогнат во заштитата на животната средина. Програмата ИПА CBC е кофинансирана од владата.


Медиумите се покануваат да го покријат настанот во 11:00 часот: https://bit.ly/3o2igrQ