На покана на граѓанската организација “Сумнал” од Скопје, заменикот министер Дејан Павлески учествуваше на трибината ,,Ефектите од граѓанското учество во локалната самоуправа‘‘.

На трибината беше истакната важноста од соработката на локалните власти со граѓанскиот сектор и директно со граѓаните, како начин за информирање но и нивно учество во креирањето на локалните политики.

Заменикот министер Павлески зборуваше за системот на локална самоуправа, принципите на децентрализација, надлежностите на локалната самоуправа, можностите за вклученост на граѓаните во креирањето на политиките и донесување на одлуки.

-Владата преку Стратегијата за Ромите и преку имплементација на локалните акциски планови посветено работи на решавање на горливите проблеми на ромската заедница. Владината заложба за градење на едно општество за сите има за цел  да создаде еднакви можности за сите граѓани без разлика на етничката или религиозната припадност, рече заменикот министер Павлески.

Граѓанската организација Сумнал 15 години работи на подобрување на квалитетот на живеење на ромската заедница преку реализација на програми за поддршка на возрасни лица, како и на деца од предучилишна и училишна возраст.