Министерствотото за локална самоуправа во соработка соМинистерствотото за администрација на локалната самоуправа на Република Косово во рамки на активностите за имплементирање наИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово 2014-2020 година,

Министерство за локална самоуправа на Република Македонија објавува:

Ј А В Е Н   О Г Л А С

За пријавување на кандидат за  работна позиција:

  • 1  (една) позиција за проектен службеник, Антена/Куманово за ИПА II Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово 2014-2020 година, со седиште во Куманово, Република Македонија.

Заинтересираните страни, тука можат да ги најдат условите и задачите на потребните профили.

Потребни документи за аплицирање:

  • Доказ за завршен соодветен вид на високо образование;
  • Биографија (CV), на македонски и англиски јазик во ЕУ формат;
  • Мотивациско писмо на англиски јазик;
  • Копии од документите кои го потврдуваат стекнатото работно искуство наведено во личната биографија.

Краен рок за аплицирање:

  • 8 работни дена од денот на објавувањето на огласот.

Само оние апликации кои ќе пристигнат до крајниот датум  на овој оглас, ќе бидат земени во предвид за разгледување.

Документите може да се поднесат по пошта на следнава адреса:

  • Министерство за локална самоуправа,
    ул. Свети Кирил и Методиј, бр.54,
    1000 Скопје, Република Македонија

За:Арлинд Нухиу, со назнака во надворешниот дел од ковертот за кое место се однесува апликацијата.

Кандидатите ќе присуствуваат на интервју и писмен тест по англиски јазик, за кои дополнително ќе бидат информирани.

Дополнителни информации можете да добиете нателефонски број: ++  389 78 333 392  или  ++ 389 2 3253 921.