mkalheader

THE EUROPEAN UNION'S CROSS-BORDER COOPERATION PROGRAMME

­­­­­­­­­­­­­­­­

Оперативните структури на двете земји кориснички, Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија, како и Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, започнаа процес на консултации, со цел прибирање на идеи за стратегиски проекти, во ИПА прекуграничната програма помеѓу Република Северна Македонија и Албанија, која се имплементира во рамките на инструментот за пред-пристапна помош на ИПА 2014 -2020. Идентификацијата на идеи за стратегиски проекти ќе зависи од тоа дали корисниците на прекуграничната програма ќе докажат дека имаат вистински интерес во постигнување на заеднички стратегиски цели, што подразбира јасно дефинирано прекугранично влиание.

Подобната област на прекуграничната програма е како што следува:

  • Во Северна Македонија од програмата се опфатени пелагонискиот, полошкиот и југозападниот регион ,
  • Во Албанија од програмата се опфатени регионите на Корча, Елбасан и Дибра.

Програмата ги поканува потенцијалните апликанти да поднесуваат апликации со идеи за стратегиски проекти до 01.08.2019, согласно инструкциите наведени во упатството за аплицирање.

Процесот на консултации за прибирање на идеи за стратегиски проекти ќе биде отворен за следните тематски приоритети, на програмата:

  • ТП 1: Поттикнување на туризмот, културното и природното наследство
  • ТП 2: Зајакнување на конкурентноста, бизнисот, трговијата и инвестициите, и
  • ТП 3: Заштита на животната средина, промовирање на климатските промени, адаптација и ублажување, превенција и управување со ризици.

Оперативните структури на Северна Македонија и Албанија, Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија и Заедничкиот технички секретаријат, ќе организираат 4 информативни сесии, за потенцијални апликанти, во Скопје, Тетово, Тирана и Корча во првата половина на месец јуни 2019 со цел да обезбедат детални информации и пректични совети за подготовка и поднесување на апликации. Дополнителни 4 информативни сесии ќе бидат организирани во втората половина на јуни 2019 година.

За повеќе информации притиснетеТУКА.