Во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово 2014-2020, на 13 јуни 2017 година е објавен првиот јавен повик за проектни предлози.
Тематските приоритети во рамки на овој јавен повик се следните:
1.Подобрување на конкурентноста, бизнисот и развојот на малите и средните претпријатија, трговијата и инвестициите; и
2. Поттикнување на туризмот, културното и природното наследство.
Вкупниот буџет за јавниот повик е 2,040,000 евра. Крајниот рок за поднесување на предлог проектите е 28 Јули 2017 година.
Целокупната документација можете ја најдете на следниот линк: