Печати

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, престојува во официјална посета на Република Албанија, каде се сретна со заменик-министерот за Европа и надворешни работи, Сокол Деџа. Двајцата говорници разговараа за тековната соработка меѓу двете земји, со посебен акцент на соработката за Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.

Министерот Фазлиу и заменик министерот министерот Дедја се соглаија да ги поддржат оперативните структури на двете земји со цел да се забрза реализацијата на активностите предвидени во оваа Програма. Посебен акцент беше ставен на активностите предвидени за спроведување на стратешки проект кој ќе се спроведува преку оваа Програма во прекуграничниот регион. Тие наггласија дека потребно е да се реагира во многу кратки рокови и дека координацијата и комуникацијата помеѓу оперативните структури на двете земји е повеќе од неопходна.

Во наредниот период, двете министерства во тесна соработка ќе спроведат серија промотивни активности за афирмација на Програмата за прекугранична соработка како и информативни активности со цел информирање на јавноста со можностите за финансирање на стратешки проекти.