Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, како член на владината делегација, присуствуваше на одбележувањето на Денот на Републиката-2-ри Август во Крушево. 

Владината делегација предводена од потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, а во чии состав беа и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за здравство, Венко Филипче и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, положи свежо цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република Никола Карев во меморијалниот центар Македониум, како и на споменикот на хероите во месноста Слива.

Во рамките на свеченоста, делегацијата присуствуваше на панихидата во црквата Свети Никола во Крушево, а признание за големото дело на учесниците во Илинденското востание им оддаде и со полагање на венец на споменикот Мечкин Камен.

03.08.2018 4