Печати

19.07.2018 1 Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу денеска го пречека  министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со кого разговараше за актуелни теми,  безбедносната ситуација во земјата, борбата против криминалот и корупцијата и развој на координирани активности во интерес на државата и граѓаните

Министерот Фазлиу го информираше својот колега Спасовски со тековните активности на Министерството за локална самоуправа, преземените чекори во насока на спроведување на владината програма и борбата против негативните појави кои се присутни во институции и други органи воопшто. На состанокот меѓу другото се зборуваше и за борбата против насилството, насилниот екстремизам  како еден од нај опасните појави на кој не е имун ниедна држава во светот. Министерот Фазлиу истакна дека безбедноста на граѓаните е во прв ред во  работата на министерството и дека сите активности поврзани со спречување на негативните појави се следат со големо внимание и му даваат целосна поддршка на работата на Националниот совет за борба против насилниот екстремизам .

Министерот Фазлиу го информираше г-дин. Спасовски со активностите поврзани со Програмите за прекугранична соработка и користењето на ИПА фондовите при што важната улога има и Министерството за внатрешни работи во насока на подобрување на комуникацијата и движењето на граѓаните од двете страни на границите со нашите соседи.

Фазлиу и Спасовски, исто така, разговараа и за прашањата поврзани со пожарникарните служби во земјата, проблемите со кои се соочуваат противпожарните единици, постојните проблеми кои ги следат години и децении, екипираноста, како и нивното финансирање и активностите кои треба во иднина треба да ги координира Министерство за локална самоуправа.