Печати

Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески заедно со директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи оствари работна средба со градоначалникот на општина Долнени, Џемаил Ќамили.

На работната средба се разговараше за поддршката што ќе ја добие Општината во наредниот период во висина од околу 60 илјади евра за подобрување на општинските услуги и за подобрување на патната инфраструктура, како и за состојбата и предизвиците со кои се соочува во своето функционирање и за идните планови и активности на општината.

Посетата на општина Долнени беше искористена за средба со жителите на с. Средорек на која што се разговараше за начинот за решавање на проблемот со кој што се соочуваат секојдневно овие жители со пристапниот пат кој е во многу лоша состојба.

Заменик министерот Дејан Павлески истакна дека Министерството за локална самоуправа во рамките на своите ингеренции дава максимална поддршка на општините преку Програмата за рамномерен регионален развој, а тој лично, како досега, така и во иднина ќе се залага пред сите институции, органи и пред Владата да се помогне особено на населението во руралните места за да се подобрат условите за живот.