Заменик министерот Дејан Павлески, заедно со државниот секретар Кирил Парталов и раководители на сектори од Министерството за локална самоуправа, одржаа работен состанок со претставници на Светска Банка.

Тимот од Светска Банка го сочинуваа г-дин Jorge Martinez-Vasquez (консултант), г-ца Edith Kokoni (економист), г-дин Lazar Sestovic (економист), г-дин Бојан Шимбов (економист) и David Landry (консултант).

Тема на состанокот со претставниците на Светска Банка беа владините приоритети во спроведувањето на процесот на децентрализацијата, улогата на министерствата за локална самоуправа, за финансии и другите надлежни министерства, системот на трансфери на средства од централно на локално ниво и начините за негово подобрување, потенцијалните мерки за зголемување на фискалните капацитети на единиците на локалната самоуправа и можностите за поголемо прибирање на сопствените приходи.

Заменик министерот Дејан Павлески, ја потенцираше цврстата определба на новата Влада за реафирмирање на процесот на децентрализација.

-Во таа насока една од првите мерки што ги превзеде Министерството за локална самоуправа е формирањето на работна група со членови од соодветните министерства и ЗЕЛС, која што до крајот на мај 2018 година треба да изготви длабинска анализа и да предложи соодветни модели за подобрување на системот на финансирање на единиците на локалната самоуправа, рече Павлески, кој што ја истакна подготвеноста на Министерството за соработка со Светска банка во обезбедување на експертска поддршка.

На средбата и претставниците од Светска банка изразија интерес за соработка во превземањето на конкретни мерки, со цел создавање на стабилен и одржлив систем на финансирање на единиците на локалната самоуправа и обезбедување на услови за испорака на квалитетни и воедначени услуги во сите општини во Република Македонија.