Согласно заклучокот од 34-та седница на Владата на Република Македонија, Министерството за локална самоуправа на својата ВЕБ страница ги објави информациите со кои што располага и за кои што со заклучокот беше задолжено.

Информациите кои што веќе беа објавени се дополнети со:

  • Извештај за реализација на буџетот
  • План за јавни набавки со сите дополнувања
  • Последен Извештај за направена ревизија од Државниот завод за ревизија
  • Правилник за внатрешна организација
  • Правилник за систематизација на работните места
  • Список на вработените во Министерството со контакти
  • Име и презиме и контакт на офицерот за заштита на лични податоци
  • Најава на месечни настани и календар

Со оглед дека Министерството не обезбедува директни услуги за граѓаните, на својата ВЕБ страница нема објавено обрасци и тарифници.

Правилникот за заштитено внатрешно пријавување е во фаза на подготовка, по што ќе биде определено и овластено контакт лице.

Регистерот за водење на грбови и знамиња на општините ќе биде објавен веднаш штом ќе биде обработен во електронска форма.

 Во прилог доставуваме листа со линкови до објавените информации.Во прилог доставуваме листа со линкови до објавените информации.