Деветмината градоначалници на општините во Вардарскиот плански регион денеска на конститутивната седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион. едногласно одлучија за претседател на Советот за развој на регионот да биде избранан градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски. поради досегашното искуство и фактот дека седиштето на Центарот за развој е во општина Велес

Во своето обраќање градоначалниците ги поздрави заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески. Тој им го честиташе изброт и им посака успешна работа и соработка со Министерството. Заменикот министер Павлески рече дека во координација на Министерството за локална самоуправа, е Формирана меѓуресорска работна група која што ќе работи на преиспитување на начинот и методологијата за распределба на блок дотациите за финансирање на надлежностите во оласта на основното и средното образование, детските градинки, културата и противпожарната заштита. Ќе настојуваме да обезбедиме начин на финансирање кој ќе биде праведен и транспарентен и ќе го подигне квалитетот на услугите во овие области, рече Павлески, кој најави дека друга работна група, во Министерството за финансии ќе работи на анализа на можностите и начините за зголемување на процентот од ДДВ за општините од 4,5 на 6 насто. Исто така беше најавено дека во Буџетот за 2018 година Владата предложи 100 милиони денари повеќе за проекти за рамномерен регионален развој, како и средства за кофинансирање на проектите за прекугранична соработка.

Градоначалникот на општина Велес и претседател на Вардарскиот плански регион, Аце Коцевски, во своето обраќање  истакна дека пред општините од регионот е период во кој треба многу да се работи за подобрување на животот за сите граѓани. Како два заеднички приоритети ги посочи: Изградбата на регионална фабрика за третман на цврст комунален отпад со неколку претоварни станици и Регионален центар за третман на бездомни кучиња како проблем со кој се соочуваат сите општини.

Градоначалниците беа информирани за досегашното функционирање на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, финансиската ситуација , како и за проектите кои досега се реализирани, како и оние кои се во фаза на реализација.