Печати

Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески, одржа работен состанок со високи претставници од Фондацијата Фридрих Еберт. На средбата присуствуваа  Mathhias  Jobelius шеф на Фридрих Еберт за Централна и Источна Европа, Henrike Allendorf одговорна за Република Македонија од канцеларијата во Берлин и Frank Hantke директор за Македонија и Косово, Eva Ellereit од канцеларијата во Приштина како и претставници на Фондацијата од Република Македонија.

На работниот состанок се разговараше за приоритетите на Министерството што произлегуваат и од Програмата на Владата. Во таа смисла беше истакнато дека Министерството ќе работи на подобрување на функционалноста на системот на локалната самоуправа, пред се на обезбедување на услови за поправедна и потранспарентна распределба на грантовите од централната власт. Како многу важни области на кои е фокусирано министерството беа истакнати и рамномерниот регионален развој и прекуграничната соработка.

Заеднички беше констатирано дека има простор за соработка во периодот што следи на полето на зајакнување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа со цел истите ефективно и ефикасно да функционираат, а со тоа граѓаните да добивааат квалитетни услуги.