Печати

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, денеска, на состанок со директорот на Бирото за регионален развој, Џемаил Елмази разговараше за натамошните активности во правец на поттикнување на развојот на планските региони. Министерот Фазлиу се информираше за динамиката на реализација на проектите во осумте плански региони финансирани од Програмите за регионален развој на Министерството и на Бирото.

Министерот Фазлиу истакна дека Министерството ќе работи на зајакнување на капацитетите и оддржливоста на Центрите за развој на планските региони, но ќе исистира и на проекти кои што ќе ги решаваат реалните проблеми на граѓаните и ќе произлегуваат од нивните приоритети. На состанокот беше разговарано за потребата од согледување на слабостите за што веќе е реализиран состанок со раководителите на регионалните Центри за развој.

Министерството за локална самоуправа е особено посветено на рамномерниот регионален развој и очекувам во соработка со Бирото да ги превземеме сите неопходни чекори за подинамичен развој на помалку развиените плански региони и општини, рече Фазлиу.