Министерот за локална самоуправа г-дин Сухејл Фазлиу оствари работна средба со Директорот на Агенцијата за иселеништво г-дин Никола Шалваринов.

Средбата се одржа во кабинетот на  Министерот од чија страна беше организирано срдечен пречек и реализиран конструктивен разговор. Агенцијата доби голема поддршка од Министерот Фазлиу во насока на реализирање на својата надлежност за унапредување на врските со иселениците од Македонија во областите во кои Министерството може да излезе во пресрет.  На средбата се согледаа можностите за идна соработка  при што е договорено да се интензивира соработката помеѓу Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иселеништво и истата да се операционализира со конкретни проекти во 2018 година.