Министерот за локална самоуправа Сухејил Фазлиу присуствуваше на  инаугурацијата на патниот сегмент  на Линковското Езеро.

Во оваа свеченост , заедно со домаќините, министерот Садула Дураку,  претставниците од општина Липково, како и претставници на општината Саточва од Бугарија со кои  се имплементираше  проектот, симболично ја прессекоа лентата и го предадоа во употреба   патниот сегмент  во должината од над 1700 метриквадрати кој води кон Линковското Езеро. Оваа инвестиција е финансирана од Европската унија, поточно од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

Во поздравниот говор, министерот Фазлиу истакна дека овој настан доаѓа како резултат на успешно реализиран проект во оваа општина. Овој проект беше поддржан уште во првиот јавен повик од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија. Досега, во рамките на оваа програма се финансираат повеќе од 100 проекти, што значи дека Министерството за локална самоуправа заедно со партнерите од Бугарија, Министерството за регионален развој, и со финансиска поддршка од ЕУ, се финансирани повеќе од 100 партнерства долж пограничниот појас  со што им е дадена шанса на исто толку субјекти да реализираат пројекти  или да ја продлабочат меѓусебната соработка, рече министерот Сухејл Фазлиу.

"Сега сме во фаза на реализација на нов јавен повик за предлог проекти во рамките на Програмата со Бугарија. Двата повици се релевантни за Општина Липково и за други субјекти во овој регион. Очекуваме од вас идеи и иницијативи кои ќе имаат конкретни резултати, слични на овој патен сегмент за кој верувам дека ќе биде во функција на секој жител на вашата општина, но исто така и на секој посетител на овој моќен туристички капацитет како што е Липковското езеро ", истакна меѓу другото  министерот Фазлиу.

Инаку, оваа инвестиција е резултат на плодна прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, односно општина Липково и општина Саточва од Бугарија. Во рамките на проектот "Мисли  за природата, водата и култура - биди европски турист,, асфалтираниот патен  сегмент  ќе го олесни протокот на сообраќајот и и ќе има поѕитивно влиане  за порастот  на бројот на посетителите и туристите во овој регион.