Печати

Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески и советникот на постојаниот претставник на УНДП, Харалд Шенкер со денешниот Форумот “Месната самоуправа-неискористен потенцијал за јакнење на локалните заедници, ја отворија дебатата за статусот на месната самоуправа во системот на локалната самоуправа во Република Македонија.

-Цел на настанот е да се отпочне со процес на јавни дебати и широки дискусии во однос на прашањето колкава е потребата од месната самоуправа, односно како да се организираат урбаните и месните заедници за да бидат во служба на граѓаните, рече заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески. Очекувањата се дека ќе има голема заинтересираност по ова прашање, особено во селските средини за кои функционирањето на месните заедници е од исклучително значење за нивното нормално и секојдневно живеење. Нашиот пристап е дека мора да направиме сè сите граѓани, без разлика дали живеат во село или во град, да имаат подеднакво исти и квалитетни услови за живот на целата територија на Република Македонија. Во таа насока, ќе превземаме активности за повторно да ги активираме, особено месните заедници, за да бидат место каде жителите ќе се собираат и сами ќе одлучуваат за своите потреби и приоритети. Она што е наша цел е да воспоставиме систем на локална самоуправа во кој граѓанинот ќе биде во центарот на вниманието, а неговите потреби ќе бидат врвен приоритет, рече заменикот министер Дејан Павлески.

На Форумот говореа и претседателот на месната заедница Галичник, Александар Костиќ, претставникот од општина Струмица, Ѓорги Манушев, како и претставници од Форум и Регионалниот центар за оддржлив развој-Кратово, Александар Писарев и Борјанчо Мицевски, како и други претставници од локалната и месната самоуправа.