Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу,денеска оствари работна средба со амбасадорот на Италија во Република Македонија, Карло Ромео.

За време на средбата се разговараше  за приоритетите на Владата во областа на локалната самоуправа, процесот на децентрализација и регионален развој и за активностите и проектите кои се во тек.

Министерот Фазлиу го информираше амбасадор Ромео со активностите на министерството,со заложбата на министерството за продолжување на процесот на децентрализација како основен столб на демократизација на општеството,а со тоа давајќи им дополнителна можност на општините за управување, но во исто време, поголема одговорност за исполнување на условите и правата на граѓаните на локално ниво. Во тек  се проекти поддржани од ЕУ и други европски институции за подобрување на капацитетите на општините за  обезбедување на по квалитетни услуги за граѓаните, како и активности кои се однесуваат на рамномерниот регионален развој,и високо ценета помош која му се нуди на  министерството во овој поглед  а и на граѓаните на Република Македонија во целина,истакна Фазлиу.

Амбасадорот Карло Ромео истакна дека Италија секогаш била голем поддржувач на процесот на интеграција на Македонија во евро- атлантските структури и таквата пракса ќе продолжи и во иднина.

На состанокот,исто така,се разговараше за напредокот на соработката меѓу двете земји,особено во размените на искуства во областа на организацијата и функционирањето на локалната самоуправа во Република Македонија и Италија. Министерот Фазлиу се заблагодари за посетата и изразија подготвеност за продлабочување на соработката и во иднина.