Печати

Со финансиска поддршка од Европската Унија во вредност од 2,3 милиони евра, во наредните двеипол години Министерството за локална самоуправа, во партнерство со Министерството за финансии и општините, ќе работи на подобрување на системот на локалната самоуправа и на поддршка на општините за испорака на поквалитетни услуги.
Проектот ќе го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), преку реализација на трите компоненти:

- Европската Унија континуирано и помага на земјата во процесот на градење на подобра иднина за граѓаните. Овој проект ќе им помогне на локалните власти да испорачуваат јавни услуги со повисок квалитет за граѓаните, со што ќе се придонесе кон продобрување на животите на граѓаните, изјави Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар.

Проектот, исто така, ќе обезбеди финансиска поддршка за 30 општини во висина до 25,000 евра за општина, со цел да помогне во утврдувањето на приоритетните потреби, а особено на потребите на ранливите групи, со цел да се обезбедат подобри животен стандард за сите.

- Потребна е посистематска подршка на системот на локалната самоуправа со лоцирање на слабостите во имплементацијата и предлагања на мерки врз основа на воспоставен систем за следење и сеопфатна анализа. Мониторирањето на функционалноста на локалната самоуправа е одговорност на Министерството за локална самоуправа со цел да им се помогне на општините да можат да одговорат на потребите на граѓаните на квалитетен, ефикасен и транспарентен начин. Сите граѓани во Република Македонија имаат право на еднакви јавни услуги. Сите граѓани имаат право да учествуваат во донесувањето на одлуките, а одговорност на властите е да ги консултираат за нивните потреби и приоритети, рече министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Во рамките на проектот ќе се работи и на подобрување на капацитетите на општините за прибирање на локалните даноци, како и за транспарентно управување со јавните финансии. Проектот ќе понуди и насоки за оддржливо финансирање на општините, врз основа на компаративна анализа на земји членки на Европската Унија.

- Се надевам дека ова ќе биде исклучителна прилика за сите учесници да разменат мислења за актуелните теми од областа на фискалната децентрализација. Исто така верувам дека ќе го подобриме како финансиското работење на општините, така и нивната транспарентност. Во наредниот период ќе продолжи поддршката за спроведување на активностите.Секако во насока на подобрување на административниот и финансискиот капацитет на општините.Сето ова ќе резултира со ефикасна наплата на сопствените приходи и потранспарентно, поодговорно и поефективно испорачување на локални услуги на граѓаните”, изјави Министерот за финансии, Драган Тевдовски.

- Децентрализацијата ги зајакнува демократските процеси со тоа што на луѓето им овозможува поголемо учество во одлуките кои секојдневно ги засегаат, како на пример – образование, здравство, култура и спорт”, изјави Постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон. “Сметаме дека со овој проект имаме одлична нова можност да ги поддржиме нашите локални и национални партнери – со цел општините да имаат доволно средства, капацитети и законски овластувања во исполнувањето на обврските кон граѓаните кои произлегуваат од процесот на децентрализација”.