Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу ќе се обрати на состанокот на Заедничкиот консултативен комитет меѓу РМ и Комитетот на региони на ЕУ во Брисел
Посети : 1114

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, утре, 03.05.2018 година, во Брисел, ќе се обрати на 14-тиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на региони на Европската Унија.

Во составот на македонската делегација се градоначалници на дванаесет општини, членови на Заедничкиот консултативен комитет. 

На состанокот ќе се обратат и двајцата копретседавачи, од Република Македонија, градоначалникот на општина Штип Благој Бочварски, а од Европската Унија, градоначалничката на словенечката општина Трбовље, Јасна Габриќ.

За состанокот е најавено и учествувото и членот на Европскиот парламент,  Иво Вајгл.  

Локација Брисел