Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во Куманово: Коррдинација во планирањето на сите нивоа на власт, со вклучување на сите засегнати страни                                                            

Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески денеска учествуваше на панелот организиран од страна на Центарот за развој на Североисточниот плански регион-Енергетска визија за Североисточниот плански регион, во рамките на проектот “Партнерство за ново енергетско лидерство 2050”.

Во присуство на претставници од Североисточниот плански регион, се дискутираше за новата Енергетска мапа на планскиот регион согласно стандардите на Европската Унија за енергетска транзиција, односно постепена замена на фосилните со обновливи извори на енергија.

Заменикот министер за локална самоуправа Павлески истакна дека во Програмата на Владата е акцентирана определбата за враќање на изгубената енергетска сигурност и стабилност на Република Македонија, намалување на трошоците за енергија и енергетската сиромаштија, како и политиката сонцето да стане извор на енергија во домаќинствата.

- Актуелните политики во областа на енергетиката во рамките на Европската Унија бараат целосно прилагодување на сите нивоа, а особено на локалното ниво кое што испорачува голем број на услуги и има конкретни надлежности, преку обезбедувањето на услови за поттикнување на локалниот развој. Имајќи го предвид овој факт, Министерството за локална самоуправа, во Програмата за оддржлив локален развој и децентрализација до 2020 година акцентот го става на оддржливиот локален развој и раст, што подразбира одржливо искористување на локалните ресурси за економски цели и развој на енергетска и транспортна инфраструктура, без притоа да се наруши квалитетот на животната средина и природата. Во основа, се цели кон постигнување на што е можно повисок степен на синергија меѓу политиките за заштита на животната средина и социо-економскиот развој, на хоризонтално и на вертикално ниво, рече Павлески.