Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и постојаната претставничка на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон, утре, 21.02.2018 година, среда, ќе го отворат Форумот на тема: “Jавните капитални инвестиции и регионалниот развој”.

Говорници на настанот се заменикот министер за локална самоуправа, Дејан Павлески, Хералд Шенкер претставник на УНДП, а во расправата ќе учествуваат градоначлниците - претседатели на Советите на осумте плански региони, раководителите на Центрите за развој на планските региони, претставници од надлежните министерства, од здружението на јавните комунални претпријатија, од ЗЕЛС и од граѓанскиот сектор.

На Форумот ќе биде презентирана анализата за ефектите од капиталните инвестиции на развојот на планските региони, подготвена од д-р Силвана Мојсовска, професор на Економскиот институт од Скопје.

Со овој настан Министерството за локална самоуправа ја отвора јавната дебата за ефектите од имплементацијата на политиката за рамномерен регионален развој и планирање на развојните цели и инструменти за наредниот стратешки период.

Форумот ќе се одржи во ресторан Воденица/Мулино, во Скопје, со почеток во 09.45 часот. Изјави за медиумите пред почетокот на Форумот. Се поканува вашиот медиум да присуствува на настанот.