На средбата се разговараше за законските надлежности на инспекторатот, тековните проекти, бројот на инспекциски надзори како и заложбите и визијата на инспекторатот за понатамошното работење.

Потребен е координиран пристап за подобрување и зајакнување на работењето на инспекторатот, поголема активност и подобрување на работните услови за подобро функционирање на истиот.

Министерот и директорот се сложија за понатамошна соработка. Договорени се редовни координативни средби помеѓу министерството за локална самоуправа и државниот инспекторат за локална самоуправа.