Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, денеска присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на реновираниот регионален пат Лакавица-Србиново и почетокот на изградбата на новиот пат кој води до депонијата "Русино" во Гостивар. Со овој значаен инфраструктурен чекор, се создадени подобри услови за безбедно движење на сообраќајот за жителите на седум села од Србиновкиот регион, додека со патниот правец кој води до регионалната депонија, започнува реализацијата на проектот од регионален карактер.

- Министерството за локална самоуправа во континуитет ги подржува градежните инфратуктурни пројекти а ова го потврдуваме и денеска со пуштањето во употреба на реконстуираниот дел од реновираниот пат. Обезбедивме над 4 милиони денари со што беше уфрлен чекор за реализација на овој проект. Сигурно дека за оваа заслужни се сите структури кои се вклучени, Бирото за регионален развој, Центарот на Полошкиот плански регион и општина Гостивар а голема заслуга имаат и жителите од овој крај кои помогна во реализацијата на работите. Ова покажува дека сите ние заедно сме посветени на вакви инвестиции, во корист на граѓаните. Министерството за локална самоуправа и во иднина ќе продолжи да поддржува квалитетните проекти, со единствена цел за подобрување на условите за живот на жителите во селата и помалку развиените региони. Се надевам дека за жителите на овој регион, ова инвестиција е добредојдена, уште повеќе кога се знае дека во планинстике села се потребни вистински инвестиции кои ќе придонесуваат за намалување на миграцијата, која сега стана главна пеокупација за сите нас. Се надевам дека жителите на овој регион новиот асфалтен пат ќе го користат долго и безбедно, рече министерот Фазлиу

Денеска исто така започнаа и градежните работи на еден друг зафат од инфраструктурен карактер. Станува збор за новиот пат кој води до депонијата Руино, во должина од 2.5 киломатри. Овој проект е скап, но многу важен за сите општини во Полошкиот регион. За изградбата на овој патен правец се обезбедени 24 милиони денари.