Печати

МИСИЈА

Министерството за локална самоуправа преку следење на имплементацијата на актуелните и предлагање на нови политики, се грижи за функционалноста на системот на локалната самоуправа од аспект на спроведување на законските надлежности во функција на испорака на квалитетни и  воедначени јавни услуги за граѓаните, како и за начините на остварување на нивните со закон загарантирани права за директно и индиректно вклучување во процесите на одлучување на локално ниво.

 

ВИЗИЈА

Децентрализиран и оддржлив систем на локалната самоуправа, усогласен со европските стандарди и практики.