Горан Милевски, Министер за локална самоуправа 

Minister

Горан Милевски, за министер за локална самоуправа е избран на 27.06.2019 година

Образование:

  • 2017 година студент на трет циклус на студии, насока - Маркетинг Економски факултет - Прилеп
  • 2017 година Магистер по Бизнис администрација МБА - Менаџмент, Економски факултет - Прилеп
  • 2004 година Дипломиран економист, насока меѓународна економија, VII-1 степен, Економски факултет - Прилеп
  • 1997 година Економски техничар, СОЕУ “Јане Сандански” - Битола

Професионален ангажман:

  • 2016-2019 година
    • Пратеник и член на собраниските комисии:
      • Ко-претседател на мешовитиот парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација МК - ЕУ
      • Национален совет за евроинтеграции
      • Комисијата за економски прашања, претседател
      • Комисија за финансирање, член
      • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик член
      • Комисија за здравство, заменик член
      • Претседател на Пратеничката група на Собранието на Р.С. Македонија со Парламентот на Кралството Данска
      • Член на Пратеничките групи на Собранието на Р. С. Македонија за соработка на Парламентот на Кралството Белгија, Парламентот на Канада, Парламентот на Големото Војводство Луксембург и со Парламентот на Кралството Холандија

  • 2014 - 2016 година
    • Пратеник и член на собраниски комисии:
      • Буџетски совет на Собранието на Република Македонија
      • Комисија за финансирање и буџет, член
      • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
      • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик член
      • Комисија за образование, наука и спорт, заменик член
      • Претседател на Пратеничката група на Собранието на Р. Македонија за соработка со Парламентот на Украина
      • Член на Пратеничките групи на Собранието на Р. Македонија за соработка со Парламентите на Р. Исланд и Кралството Норвешка и Парламентот на Канада

  • 2004 - 2014 година
    • вработен во Средното општинско економско училиште “Јане Сандански” - Битола, како наставник по економски предмети: Деловно работење, Бизнис, Основи на бизнисот, Менаџмент, Сметководство, Кариерен Центар

  • 2012 година
    • стекнато уверение за положен испит за Директор на средни училишта во Државниот испитен центар – Скопје

  • 2009 - 2013 година
    • избран за советник во Советот на општина Битола, како член на коалициона листа
    • Член на Комисијата за урбанизам и заштита на животната средина

  • 2005 - 2009 година
    • избран за советник во Советот на општина Битола, како носител на листата на ЛДП
    • Член на:
      • Комисијата за урбанизам и заштита на животната средина
      • Комисијата за спомен обележја

Член е на Либерално-демократската партија од 1995 година. Од 2015 година ја извршува функцијата претседател на ЛДП.