Првиот повик за проектни предлози на Програмата за транснационална соработка ИНТЕРРЕГ V-Б Балкан-Медитерански 2014-2020 (BalkanMed) е објавен на 16.12.2015. Вкупниот буџет за јавниот повик е 20.132.788 евра, од кои 17.112.870 евра се фондовите на ЕУ, а останатите 3.019.918 евра се од национално ко-финансирање од земјите учеснички во Програмата.
Крајниот рок за поднесување на предлог проектите е 15 април 2016 година.
Повикот е отворен за двете Приоритетни Анекси на фондовите на програмата:
- Приоритет 1: Претприемништво и иновации со буџет од 7.793.338 €.
- Приоритет2: Животна средина со буџет од 12.339.450 €.
Проектите треба да ги вклучуваат корисниците од најмалку три (3) од пет (5) државите-партнери (Грција, Бугарија, Кипар, Албанија и Република Македонија).
За Приоритет 1 буџетот е од 500,000 € до 1.000.000 € додека за Приоритет2 е 1 од 500,000 € до 1.500.000 €.
Повеќе информации за повикот, за поднесување на предлог проекти и за самата програма се достапни на веб-сајтови на Програмата:
- https://sites.google.com/site/interregbalkanmed, и
- http://www.interreg.gr/en/programmes/2012-05-11-09-00-08/balkan-mediterranean.html
Лице за контакт во Министерство за локална самоуправа, Република Мекедонија се:
- Mjellma Mehmeti – Petersen: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.и
- Hajrie Ahmed
Програмата BalkanMed
Програмата BalkanMеd кој ги спојува трите земји на ЕУ (Грција, Бугарија и Кипар) и две земји-кандидатки (Албанија и Република на Македонија), ќе се фокусира на два приоритетa: зголемување на конкурентноста на регионалната економија преку претприемништво и иновации, и заштита на средина.
Проектите кои се финансирани ворамки на Програмата ќе поттикнуваат претприемачки, социјални и дигитални иновации, воспоставувајќи врски помеѓу бизнисот и образованието, како и да овозможи размена на знаења помеѓу регионите. Инвестиции во рамките на вториот приоритет ќе обезбедува одржливо користење на ресурсите и заштита на природното и културното наследство низ целиот Балкан-Медитеранскиот регион.
Повеќе од 28 милиони евра од Европскиот фонд за регионален развој и повеќе од 5 милиони евра од Инструментот за прет-пристапна помош ќе бидат наменети за Програмата. Со вклученонационално ко-финансирање, вкупниот буџет на Програмата изнесува 40 милиони евра.