Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, утре, 20 февруари 2018 година, во Струмица,  во Вила Парк Хотел-Струмица, со почеток во 11.00 часот ќе го отвори Информативниот ден за сите потенцијални апликанти на вториот јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

На настанот ќе присуствуваат претставници од општини, од граѓански организации и од други непрофитни субјекти од Република Македонија и од Република Бугарија.

Повикот е објавен на 9-ти февруари и ќе биде отворен до 11 мај 2018 година.

Министерството за локална самоуправа го поканува вашиот медиум да го проследи настанот.