Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу на покана на албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати, ќе учествува на Конференцијата за територијална соработка што ќе се одржи утре, 17-ти јануари, во Тирана. Тема на Конференцијата е “Територијалната соработка, нови перспективи за подобрување на интеграцијата“, а ќе учествуваат надлежните министри од Албанија, Македонија, Црна Гора и од Косово, како и претставници од Грција и од Италија.