Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, оствари средба со поранешниот премиер на Република Словенија, Антон Роп.

На средбата беа разменети искуства што Република Словенија ги имала во процесот на пристапување и интегрирање во ЕУ и НАТО, со акцент на користењето на ИПА Инструментот за прекугранична соработка, како и можностите за поефективна имплементација на политиката за регионален развој.

Во таа насока се разговараше за можностите за интензивирање на соработката со Словенија, пред се за подобра и поефикасна искористеност на средствата од ИПА фондовите на Европската Унија, за поедноставени процедури во подготовка на проектна документација, како и за можностите за користење на средства од други програми и фондови на Европската Унија во кои што општините ќе можат директно да аплицираат со проекти и на тој начин да реализираат некои од своите приоритети.