Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу ја отвори Конференцијата Урбан дијалог, организирана од Светска Банка.

Целта на овааа регионална Конференција е да се споделат  практиките и наодите од самостојната проценка на општините , како дел од Програмата за урбано партнерство на Светска банка (УНП).

На отворањето на Конференцијата говореа и Линда Ван Гедер, регионален директор на Светската банка за Западен Балкан и Габриеле Јанезиќ, заменик-шеф на мисијата.

- Децентрализацијата на власта, особено во процесот на управување со градежното земјиште, создаде можности за локалните власти да ја подобрат ефикасноста во инвестирањето на територијата на општината, рече министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

На настанот присуствуваа градоначалници, повеќе од 100 претставници од администрацијата на општините, вклучувајќи, ги одделенијата за финансии, за локален економски развој, урбанистичко планирање, како и невладини организации од седум земји од Југоисточна Европа, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија,Црна Гора и Србија.

На конференцијата, претставниците од општините Бања Лука, Риека, Кисела Вода, Нови Сад, Струмица, Ѓирокастро, Белград, Зеница, Преграда, Запрешиќ, меѓу другото, имаа можност да разменат искуства со своите колеги од регионот и пошироко, со цел да го подобрат управување и планирањето на локално ниво.