Министерот за локална самоуправа Фазлиу одржа протоколарна средба со британскиот заменик-амбасадор во Скопје, г. Паул Едвардс.

На овој состанок,министерот Фазлиу го информираше британскиот амбасадор со законските определби и програмските приоритети на Министерството за локална самоуправа,со започнатите процеси и активности кои се однесуваат на продлабочување на демократијата на општеството преку децентрализација на процесот на локалната власт,зголемување на општинските надлежности и развој на економски и човечки ресурси .

Во ова насока, истакна министерот Фазлиу, сме посветени на создавање на повеќе напредни услови и стандарди на единиците на локалната самоуправа, со цел граѓаните да имаат директно влијание врз процесот на донесување на одлуки, како и обезбедување на квалитетни и поедноставени услуги. Тој ја потврди без резервната поддршката на меѓународната заедница за спроведување на многу активности и тековни проекти, кои се од особено значење за Министерството за локална самоуправа, изразувајќи им на ЕУ а во овие рамки и на Британија, благодарност за придонесот што ЕУ и Британија му ја пружат на Македонија во патот на европското семејство.

Заменик -амбасадорот Едвардс се заблагодари на министерот Фазлиу за средбата и изрази надеж за продлабочување на соработката во иднина.