Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу ја посети општина Липково, каде што се состана со вршителот на должноста градоначалник на општина, г-дин Башким Хамити.

За време на средбата, министерот Фазлиу се распраша  за моменталната ситуација во ова рурална општина,за активностите,задачите и проектите кои се  во тек и за плановите за во иднина. Исто така, беше информиран за проблемите со кои се соочуваа општината, а и жителите на овој регион и за напорите кои ги прави општината за да им излезе во пресрет на граѓаните.

Вршителот на должноста  градоначалник на Липково,Башким Хамити ја истакна важноста на решавањето на прашањата кои се однесуваат на основните барања на локалните жители, а која го вклучува областа на општина Липково,и тоа  изградба на фекална канализација и водоводна мрежа во руралните средини,а  за кои истакна дека  треба конкретна помош од централните институции на власта, додека со посебен  интерес се следат јавните огласи  за да аплицираат  на проекти а кои се поддржани со средства од ИПА фондовите за прекугранична соработка.

Министерот Фазлиу го увери својот соговорник  Хамити дека Министерството за локална самоуправа ги има своите врати отворени за соработка и ќе биде во целосно располагање за да им помогне  на општините во рамките на своите законски надлежности.