Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, имаше работна средба со амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, н.е. Сибил Сутер Тејада.

Министерот Фазлиу му се заблагодари на амбасадорката Тејада за посетата и истакна дека Швајцарија секогаш даваше огромен  придонес  за демократизацијата и развојот на нашата земја. Тој истакна дека Министерството за локална самоуправа има тесна соработка со Швајцарската амбасада и изрази уверување дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, продлабочувајќи  се  и во други области. Министерот Фазлиу ја информираше амбасадорката Тејада со тековните активности на Министерството за локална самоуправа, фокусирајќи се особено на проектите кои ги финансира или финансиски ги подржува швајцарската амбасада. Јас, рече министерот Фазлиу, заедно со мојот  тим ќе бидеме на располагање за спроведување на предвидените активности, се со цел започнатите проекти успешно се да се реализираат  и истите да бидат во интерес на раѓаните на Македонија кои сакаат државните институции, особено оние на локално ниво да бидат поблиску до нив и со воедначени услуги за сите.

Швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада, му се заблагодари на министерот Фазлиу  и му го честита изборот министер за локална самоуправа и му посака успех  во иднина и взаемна соработка. Таа истакна дека Амбасадата на Швајцарија ќе продолжи со реализација на предвидените проекти, на национално и регионално ниво, со цел да придонесе за рамномерен регионален развој во Македонија како и оспособување на општините за да бидат поблиску до граѓаните и нивно учество  во процесот на одлучување за проекти кои се во нивен интерес.